Почнаа активностите за карневалот Прочка
Во ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп денеска беше отворена изложба на маски изработени од учениците од основните и средните училишта, со што започнаа активностите за карневалот Прочка 2023. Изложените се преку 200 креативни маски за кои беа доделени награди.
Гранпри наградата ѝ беше врачена на Ивона Талевска од село Подмол за нејзината креативна и инспиративна маска изработена од природни материјали.
Карневалот Прочка 2023, што го реализираат општина Прилеп и здружението Прилепски мечкари ќе се одржи в недела од 12 часот, кога ќе продефилираат над 500 учесници од Прилеп и Македонија. Ка.М.