Фото: Ка.М.

Сѐ е изгорено во пожарот што завчера избувна во фабриката за текстилни производи „Тила“ во Прилеп, како што сопствениците објавија на Фејсбук, а пренесува „Макфакс“.

– Причините за пожарот, за жал, сѐ уште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на нивно утврдување, како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот, фабриката не работеше и нема повредени – велат сопствениците.

На гаснењето на големиот пожар што ја зафати конфекциската фабрика повеќе од четири часа работеа 16 пожарникари, пет противпожарни возила, комплетна опрема од противпожарната станица во Прилеп, а напомош на пожарникарите им беа испратени и три цистерни од јавните комунални претпријатија.

Брендот „Тила“ постои веќе 15 години. Сопствениците најавуваат дека со поддршка од пријателите ќе го обноват производството.