Денеска во Битола беше спроведена нова акција за чистење на дивите депонии.
По детектираните депонии со габаритен смет, од страна на локалната самоуправа и од пријавите на граѓаните, јавните претпријатија ја чистеа месноста наречена „Кркардаш“.
Локалната самоуправа, како еден од најголемите приоритети во своето работење, го предвиде и чистењето на дивите депонии, кои, за жал, ја загадуваат животната средина, не само на територијата на градот, туку и во околните места, кои граѓаните ги користат како рекреативни катчиња.
Координираните акции на градоначалникот и локалната самоуправа, во соработка со јавните претпријатија, продолжуваат континуирано, со цел да се расчистат веќе постоечките и да се превенира појавата на нови депонии, велат од локалната самоуправа на Битола.
М.М.