Во Битола се зголемува бројот на бездомници. Тоа што посебно загрижува е што меѓу бездомните лица, кои се на разна возраст, има и шестмесечно бебе. Ова го тврдат во Општинската организација на Црениот крст Битола.
– Изминатите години имаше од 5 до 10 бездомници, но годинава бројката е 16, за жал со тенденција за зголемување. Сите тие се згрижени, а имаме четири малолетни
деца, од кои едно е шестмесечно бебе – изјави д-р Лилјана Ристевска, претседателка на Црвен Крст Битола.
Напорите на Црвен крст и Општина Битола се секој кој има потреба да биде згрижен.
– Никој, особено во овие временски услови, не смее да биде на улица, без топол оброк и згрижен како што налагаат едни човечки услови – вели таа.
Во Црвениот крст Битола уверуваат дека на бездомните лица им обезбедуваат целосно сместување и исхрана, како и грижа од волонтерските медицински тимови кои се грижат за нивното здравје. М.М.