Гордана Балтовска, претставник на Организација на работодавачи, директорска на АД Стопанска банка Битола е избрана за прв човек на новиот состав на локалниот економско социјален совет на општина Битола. Балтовска долго време е извршен директор на Стопанска банка АД Битола.
Новата претседателка на локалниот економски совет, Гордана Балтовска нагласи дека ќе се залага за активно работење на Локалниот економско социјален совет, со цел навремена и успешна реализација на целите кои ќе бидат дел од програмите.
– За мене како градоначалник, особено е важно конституирањето на овој совет да не остане само на хартија, туку од него да произлезе акциски план и годишна програма, за
кои после периодот кој ќе го предвидиме, ќе можеме да кажеме дека во најголем процент се реализирани. Во овој контекст, отворен сум за постојана соработка со сите
претставници на ЛЕСС-от, за да можеме пред се полесно да ги надминеме моменталните предизвици со кои се соочуваме, но и да ги мотивираме младите да делуваат во својата
општина, да создадеме услови за намалување на невработеноста, колку што можеме да влијаеме на подобрување на состојбата со понудата и побарувачката на пазарот на трудот, да ги подобриме можностите за школување, згрижување на децата од предучилишна возраст, како и да иницираме решенија за подобрување на можностите за социјално ранливите категории. Верувам дека, лицата кои ќе раководат со овој совет, ќе имаат доволно ентузијазам и мотивираност, за посветена работа и обезбедување функционалност на ова тело, кое навистина доколку функционира според определените цели и задачи, може да даде големи резултати – рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајки го изборот на
На конститутивната седница, беше побарана измена на Деловникот, заради негово
усогласување со потпишаната спогодба помеѓу Општина Битола, Организацијата на
работодавачи и Сојузот на синдикати и Конфедерацијата на слободни синдикати на
Македонија. М.М.