Амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок, денес ја посети општина Битола, и оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата се разговараше за повеќе важни теми и области, со кои континуирано се продлабочува соработката на Битола со градови од Турција. Посебен акцент беше ставен на економската соработка, и сериозната заинтересираност на турска компанија за инвестиција во Битола, а се разговарало и за историската поврзаност на двете држави, како заинтересираноста на турските туристи, за посета на Битола. Во тој контекст, биле разгледани и нови можности за понатамошен напредок на туризмот и збогатување на туристичката понуда.

На средбата се разговарало и за унапредување на соработката во областа на образованието и културата.

По завршувањето на официјалниот дел градоначалникот Коњановски и амбасадорот Секизќок, прошетале низ старата битолска чаршија и посетиле дел од значајните културно – историски обележја на Битола, меѓу кои и Хаџи Махмуд Беј џамијата, која што покрај своето верско значење, некогаш важела и за важен просветителски, образовен дом и институција.

М.М.