Во хотел во Кичево синоќа се одржа манифестација „Етно вешта жена“ со хуманитарен карактер, каде вредните жени од Кичево подготвија разни специјалитети кои имаат долга традиција на овие простори и кои беа понудени на продажба, а средствата од продажбата беа наменети за децата со посебни потреби. Во состав на манифестацијата имаше организирано и избор за вешто дете, како мотив и поттик за дружење на најмладите од сите градови во земјава.
-Во хотел Кичево беше организиран традиционалниот хепениг „Етно вешта жена 2019“, манифестација со хуманитарен карактер. На оваа манифестација вештите жени од градот подготвија јадења својствени за македонската трпеза и карактеристични за нашиот регион. Од подготвените традиционални јадења на трпезата за продажба беа подготвени питулици, печива, погачи, кифли, торти, колачи и многу други. Првото место на манифестацијата е за Розета Лазареска за изработка на торта, второто место припадна на Аница Трајкоска за ситни колачи, додека погачата на Нада Димитриеска го освои третото место. Овие специјалитети беа понудени на продажба а средствата од истите ќе бидат наменети за децата со посебни потреби. Интересот за оваа манифестација беше исклучително голем а групата Маестро бенд придонесе за добриот штимунг на целиот настан – рече Оливера Ширгоска од Здружението Вешта жена од Кичево.
З.А.