Додека македонската влада на секој начин се обидува да им се спротивстави на бугарските условувања за интеграцијата на Македонија во ЕУ, пред бугарскиот конзулат во Битола колони македонски граѓани стрпливо чекаат во ред за поднесување документи за добивање бугарски пасоши.
Секојдневно стотици македонски граѓани поднесуваат барања за добивање бугарски пасоши, а ниту пандемијата не ги спречува да дојдат во голем број од Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево и од Штип.
Најголемиот број од соговорниците со кои разговаравме велат дека во ситуација кога не гледаат перспектива тука, немаат друг излез освен да ја напуштат Македонија и својата егзистенција да ја бараат во некоја од европските земји. А сметаат дека тоа најбрзо ќе го постигнат доколку извадат бугарски пасоши. М.М.