Охрид

Надлежните служби на Општина Охрид започнаа градежни активности за реконструкција и асфалтирање на улицата Охридска бригада, во должина од 527 метри. Во рамките на градежните активности се предвидени замена на стариот тампон со нов, вадење на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина на улицата.

Проектот е дел од Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година и е вреден 2.000.650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на работите е АД „Илинден“ – Струга.
Поради започнување на градежните активности, надлежните служби упатуваат апел до граѓаните за внимателно движење по оваа улица.