Последниот ден од оваа учебна година, последна како средношколци, кичевските матуранти го завршија со оро и песна на градскиот плоштад. Тие во придружба на музички оркестар пристигнаа на градскиот плоштад, каде одиграа неколку ора, радосни што го завршиле средното обазование, но тажни што повеќе нема како досега секојдневно да бидат заедно, туку секој ќе си го одбере својот животен пат.

-Убаво е вака сите собрани со оро и песна што го одбележуваме завршувањето на гимназиското образование. Овој крај значи и нов почеток, запишување на факултет и продолжување на своето образование во академската свера. По пет и десет години повторно ќе бидеме заедно, на прослава на некоја годишнина и ќе се потсетуваме на убавите времиња поминати во гимназија –истакнаа матуранти кои ги сретнавме во центарот на градот.

З.А.