Пожарите кои пред два дена избувнаа на три локации во Кичевско, при што беа опожарени 20 хектари борова шума кај село Гарани и 10 хектари дабова шума кај село Колибари се целосно изгаснати, благодарение на  решителната акција на екипите на ШС „Лопушник“, ДЗС, месното население, ТППЕ и авионите за гасење пожари, додека пожарот на Туинска планина сè уште е активен и во текот на денот екипи на шумското стопанство ќе интервенираат и на ова жариште.

-Двата големи пожари кај селата Гарани и Колибари се целосно изгаснати, додека поради далечината, пожарот на Туинска планина сè уште е активен и таму во текот на денешниот ден ќе пристигнат мобилни екипи на ШС „ Лопушник“ и ќе пристапат кон негова локализација, иако пламенот за разлика од вчера попладне е нешто помал. Инаку со овој пожар се зафатени суви треви и ниско стеблеста шума, додека шумскиот појас е далеку од огнената стихијија. Бидејќи да се пристигне до овој пожар е потребно пешачење од најмалку 2 часа, затоа со прецизни информации ќе излеземе попладне со рапортот на луѓето од терен- рече Леоне Станишоски од ДЗС ПО Кичево.

З.А.