Фото: Игор Бансколиев/ илустрација

Незадовоството од досегашното работење на раководните структури во пензионерската организација е причина за протест кој ќе се одржи утре пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ), стои во информацијата од пензионерите.

– Незадовоството ја достигна својата кулминација со последната манипулацијата при спроведувањето на редовните избори во здруженијата на пензионери во Македонија и во СЗПМ, кога во најголемиот дел случаи незаконски, нелегитимно и нерегуларно беа избрани старите за нови членови во органите и телата за новиот мандатен период. Тоа доведе до формирање Иницијативен одбор и организирање протест пред седиштето на СЗПМ на 28. март 2023 година, во 11 часот, со поставување конкретни барања и спроведување мерки за запирање на ваквиот процес на нечесно работење, на автократско и криминално однесување на поголем број поедици, со злоупотреба на функциите и сомнително трошење на пензионерските пари, стои во информацијата на пензионерите.

На протестот ќе се прочита платформа со заеднички барања на пензионертите од сите здруженија во Републиката и ќе се понудат решенија за излез од проблематичната состојба во пензионерската организација.