Поетската книга на македонскиот автор и синеаст, Константин Плевнеш, под наслов „Францускиот сон, сонот на Франц Фанон“, во издание на издавачката куќа „Merle Moqueur“, посветена на едно од најголемите имиња на светската револуција на обесправените, ги доживува своите први критички одгласи.

Според зборовите на Жан-Пол Сартр, Фанон е име што треба да биде познато на секој меридијан, а книгата на К. Плевнеш беше презентирана на повеќе манифестации на „Француската поетска пролет“ и предизвика големо внимание кај француските читатели и критиката.

На централанта страница на веб-ревијата Светско поетско движење (World Poetry Movement -France) се објавени два критички прикази кои го лоцираат поетскиоит свет на К. Плевнеш во модерните текови на светската девиза „дека поезијата може да го спаси светот“.

Во првиот текст на францускиот поет Франсис Комб, тој ја детерминира поетската одисеја на К. Плевнеш во оние панегирици и дитирамби, познати во антиката како песни посветени на бесмртните духови што ја движат историјата на човештвото.
Овие сублимирани стихови кои ја илустрираат поетската инспирација од почетоците на Европа до денес, покажуваат дека Константин носи име на император и ни доаѓа од земјата Македонија, татковината на Александар Македониски.

По пророчките мисли на Сартр за иднината на мислата на Фанон (1925-1961), голем број на модерни филозофи на нашето време го слават Фанон како вечен револуционер на духот на светската историја, но поетот Константин Плевнеш што доаѓа токму од источна Европа, направи вистински поетски и историски земјотрес со неговите стихови кои одекнуваат во францускиот и интернационален простор, дека никогаш не се оствари сонот на Француската револуција – Слобода, Единство и Братство. Поетската опомена во оваа книга ни ја покажува сликата на разорената надеж во Франција, земјата на револуциите, заклучува Комб.

Вториот критички текст од францускиот есеист Луис Порке носи наслов „Константин Плевнеш или бескрајната сила на зборот“.
– Кога ќе ја прочитате оваа поетска збирка на Константин Плевнеш, вие излегувате од неа со многу неизбришливи траги на вашиот творечки, имагинативен и емоционален свет. Младиот поет ја реконструира бурната животна одисеја на Фанон, кој денес важи за еден од најголемите визионери на модерното човештво и настанува една форма на уметничка идентификација на авторот на оваа книга со ликот на Фанон и тоа чувство на припадност на судбината на Фанон се огледува во секој стих на оваа книга. Проучувајќиу ја историјата на модерната егзистенција на сите меридијани, поетот во Фанон го препознава симболот на универзалната вредност. Посветувајќи му песна и на неговиот прерано починат брат Илија Плевнеш (1984-2021), музички и сценски уметник, тој жестоко ја опишува интернационалната тиранија на парите и нуклеарната моќ, како големи бариреи пред вистинскиот хуанизам кој денес е потполно отфрлен од оние кои владеат со светот – заклучува Луис Порке во својот приказ.

https://worldpoetrymovement.org/