Агенцијата за управување со одземен имот информира дека успешно ја спровела и реализирала продажбата на вкупно три одземени недвижности во согласност со јавниот оглас за продажба на одземен имот, која се спроведе по пат на електронско јавно наддавање.
Станува збор, како што соопштуваат, за три недвижности, кои во согласност со правосилната судска пресуда КОК – ПП бр. 283/2022, се одземени од Сашо Мијалков.
Реализираните парични средства од продажбата ќе го зголемат државниот буџет во вкупен износ од 15.000.500 денари или 244.000 евра, информираат од Агенцијата.