Центарот за управување со кризи информира дека пожарот кај Штип е целосно изгаснат.
Пожарот кој избувна вчера помеѓу штипскиот затвор и селото Драгоево и ноќеска беше локализиран и ставен под контрола, во 8.30 часот повторно се активираше и се ширеше кон селото. Изгаснат е по интервенција на Територијалната противпожарна единица Штип.
Во овој момент нема активни пожари на отворено.