Претседателот на Собранието Африм Гаши постапува само врз основа на роковите и процедурите утврдени во Изборниот законик за одредувањето на датумот за повторените избори за градоначалник во Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуша и Центар Жупа. Затоа, датумот на изборите ќе биде објавен во горенаведениот законски рок и јавноста ќе биде известена во наредните денови, информираат од Кабинетот на Гаши.
-Процесот на распишување на изборите не е воден од индивидуални преференции или предлози, туку од два фундаментални принципа – задолжителното почитување на законските рокови од Изборниот законик, вклучувајќи ги и новите одредби од член 132-а, донесени во март 2024 година; и проценката и подготвеноста на Државната изборна комисија, како надлежна институција за организирање и спроведување на изборниот процес – велат од Кабинетот на Гаши.
Во овој контекст, додаваат, претседателот на Собранието веќе одржа два работни состаноци со претставници на ДИК, со кои беа разгледани сите правни и оперативни аспекти поврзани со повторувањето на процесот во овие општини.
































