Фото: МИА

Вкупното попишано население изнесува изнесува 2.097.319 лица. Од нив, 54,21 отсто се изјасниле како Македонци, 29,52 се Албанци, 3,98 Турци, 2,34 Роми, 1,18 Срби, 0,87 Бошњаци и 0,44 Власи, покажуваат податоците од Пописот 2021 што денеска ги соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Според Симовски, вкупното резидентното население е 1.836.713 лица, а нерезидентното 260.606 лица.

На Пописот како Македонци се изјаснило 58,44 отсто од резидентното население, 24,30 отсто како Албанци, 3,86 отсто како Турци

Пописот покажал дека бројот на домаќинства е 598.632.

Најмала општина во земјава е Зрновци, а најголема Куманово. Преброени се и 207 празни населени места.

Бројот на странци времено присутни во земјава помалку од 12 месеци е 1.674.

-Пописот е спроведен успешно и професионално. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека може, знаее и умее, дека е една од најпрофесионалните институции во земјава – рече Симовски, додавајќи дека податоците се обработени во рекорден рок.

Објавувањето на податоците од пописот што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година, ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет што се објавува денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…