Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на Четвртиот регионален форум за млади лидери во Нови Сад, Србија, каде што ќе се обрати на сесијата насловена „Западен Балкан во 2030 година – визии, желби, реалности”.
За време на посетата на Нови Сад, Заев ќе оствари и билатерална средба со српската премиерка Ана Брнабиќ, која исто така ќе говори на сесијата.
На Форумот ќе се обратат и заменик-генералниот секретар на Советот за регионална соработка Тања Мишчевиќ, генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка Ѓуро Блануша и професорот за меѓународни односи на Факултет за политички науки во Загреб д-р Дејан Јовиќ.