Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги сумира вкупните резултати од гласањето на парламентарните избори, вклучувајќи го и денешното прегласување.
Како што информира претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференција, во изборната единица (ИЕ) 5 коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 74 287 гласови или 10 мандати, коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ има 27 278 гласови или четири мандати, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ доби 26 668 гласови или три мандати, Левица има 9 850 или еден мандат, коалицијата „Вреди“ 10 793 еден мандат и ЗНАМ 8 671 или еден мандат
Во ИЕ 6 „Европски фронт“ освои 53 731 глас или осум мандати, „Вреди“ 47 849 гласови или 8 мандати, „Твоја Македонија“ има 21 639 или три мандати, а „За европска иднина“ освои 6 414 или еден мандат.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на „Европскиот фронт“ по прегласувањето во „шестката“ – изјави вечерва на прес-конференција Башким Хасани, претставник на „Вреди“.
– Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој што го иамеме денеска или во случајов, коалицијата „Вреди“ го добива 14. пратеник. Им благодариме на сите што излегоа, што гласаа и што го обезбедија 14. пратеник. Коалицијата „Вреди“ има близу 500 гласа, а коалицијата ‘Европски феронт’ 48 гласа – изјави Хасани.
Почнуваат да течат роковите за приговори до петок, 19 часот, а за сумирање и утврдување на резултите е до петок, 22 часот.