Викендов во Битола се одржува стручна тркалезна маса во организација на Комората на извршителите. Собирот на извршителите е организиран за унапредување на практиките во овој дел од правниот систем, во интерес на работата на самите извршители, но и за унапредување на односот со јавноста и со граѓаните. Предвидени се тематски предавања на извршителот Јорданчо Давитковски од Крива Паланка, на тема „Реформи во извршувањето во европските држави, регионот и Република Северна Македонија“, и на извршителката Каролина Таневска од Прилеп, „Правни лекови во извршувањето“, како и излагањето „Приговорот како правен лек во извршувањето“ на професорката д-р Милка Ракочевиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.
По предавањата ќе биде организирана дебата за учесниците на тркалезната маса, на која учесниците треба да ги споделат своите професионални искуства.
Во интерес на јавноста и за пренесување на клучните пораки и заклучоци до граѓаните, нашиот весник професионално ќе го проследи и ќе информира за целиот настан. Ј.П.