Според академик Катица Ќулавкова, наместо преговори со Европската Унија, добиваме преговори со Софија за услови што не можат да бидат исполнети и за прашања што не смеат да бидат предмет на преговори. Ќулавкова нагласува дека постојните документи се увод за денационализирање на Македонците и колонизација на Македонија
Ставот на македонската врвна научна мисла
За францускиот предолг и актуелната состојба со свое видување излегоа и неколку академици, меѓу кои и Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и потписник на македонскиот манифест. Академикот Коцарев излезе со јасен став, образложувајќи дека никогаш во историјата на една држава, вклучувајќи ја и нашата, или народ, вклучувајќи го и нашиот, не се случило тоа што се случува деновиве во Македонија. Академик Коцарев нагласува дека македонскиот естаблишмент подаде се, не само своите предци туку и своите поколенија.
Свој став за францускиот модифициран предлог искажа и академик Катица Ќулавкова. Според неа, наместо преговори со Европската Унија, добиваме преговори со Софија за услови што не можат да бидат исполнети и за прашања што не смеат да бидат предмет на преговори. Според неа, не постојат никакви гаранции од Брисел туку само оптимистички толкувања, како што беше за Преспанскиот договор. Ќулавкова нагласува дека постојните документи се увод за денационализирање на Македонците и колонизација на Македонија.
– Необјавувањето на протоколот е навредливо и криминално. Целата постапка е нетранспарентна. Македонските институции треба да го објават јавно и на македонски јазик протоколот за да може целото македонско општество и македонскиот народ да оценат дали протоколот е прифатлив или не – вели Катица Ќулавкова.