Блокиран патот Прилеп – Градско
Поголем број прилепчани и битолчани денеска го блокираа патот Прилеп – Градско
во знак на револт од францускиот предлог. Еден час го блокираа патот кај Заполшки мост, при тоа посочувајќи дека цврсто стојат на позицијата дека францускиот предлог е лош.
– Предлогот треба да биде отфрлен и од Владата, бидејќи е само нов предизвик кон
ЕУ, што ни носи нови препреки, кои ќе траат и повеќе децении. Затоа укажуваме дека
предлогот е само замка што не носи ништо добро на ЕУ интеграциите на Македонија.
Затоа изминатите дена имавме протести кои беа народни, поддржани од сите граѓани не само од ВМРО ДПМНЕ. Денес еве продолживме. Укажуваме дека Владата не треба да го прифати предлогот, и ако го прифати, ние во Собрание нема да дозволим да има уставни измени. Силно го осудуваме насилството што се случи. Сметаме дека силата е во масовноста, во единството на граѓаните и ако сите денес, утре, речеме не – посочи Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО ДПНЕ од протестите.
Според Бојан Лазарески од Левица Прилеп денешните блокади се олицетворение
на гневот насобран на македонскиот народ.
– Даваме преупредување. Ќе одиме до крај. Нашите претци не се бореле и не дале
крв за да ние без борба да ја предадеме Македонија. Повикувам да се разбудат сите,
охрабрат, да застанат против предлогот – посочи Лазаревски.
Инаку, изминатите два дена, напоредно што прилепчани заминуваа на протести во Скопје, од 19 часот помала група граѓани протестираше во центарот на Прилеп. Најавија дека и вечерва ќе го кажат своето „не“ во истиот термин на плоштадот. Ка.М.