Македонија има склучено билатерални договори и со голем број други земји во кои се наведени разни рокови за разни прашања од билатерален карактер, но тие не произведуваат никакви обврски кон трети земји. Со други зборови, сите земји во светот мораат да ги почитуваат македонските патни исправи издадени од македонските институции што имаат валиден рок на важност, односно до датумот што надлежниот орган го навел во пасошот, а не роковите поставени во Преспанскиот билатерален договор
Грција надвор од меѓународното договорно право и Виенската конвенција со испратениот допис до трети Држави да не се прифаќаат македонските пасоши
Хаосот што настана во државата со личните документи и предвремениот истек на нивниот рок е директна последица на Преспанската спогодба, која се чини дека почна да ги изнесува на површина сите свои недоследности и аномалии за кои јавноста и претходно предупредуваше.
Додека надлежните органи во државата мака мачат како да најдат решение за стотиците илјади граѓани што на некој начин станаа „затвореници“ во сопствената држава и кога се прекршуваат нивните основни граѓански права, пред сѐ правото на слободно движење, Грција побрза да ги информира сите земји членки дека македонските документи со старото име повеќе не важат.
Она што е крајно дискутабилно во целата оваа ситуација, тоа е дека спогодбата од Нивици е билатерален договор склучен меѓу Република Грција и Република Македонија, така што нејзините одредби не може да имаат импликации врз трети страни и тие по никоја основа не се обврзани да ги почитуваат таквите одредби.
Македонија има склучено билатерални договори и со голем број други земји во кои се наведени разни рокови за разни прашања од билатерален карактер, но тие не произведуваат никакви обврски кон трети земји.
Со други зборови, сите земји во светот мораат да ги почитуваат македонските патни исправи издадени од македонските институции што имаат валиден рок на важност, односно до датумот што надлежниот орган го навел во пасошот, а не роковите поставени во Преспанскиот билатерален договор. Во овој случај, пасошот и возачките дозволи може да бидат невалидни исклучиво за Грција, но не и за другите земји, кои мораат да ги прифаќаат додека македонското МНР не ги извести поинаку.
– Колку и да можеме ние да констатираме дека имаме одредени недоречености кај одредбата можеби во делот на техничкиот период на усогласување на документите и слично, таму главната дилема е дека последицата од таквото нешто не е утврдена. Ние можеме широко да кажеме, да таа одредба, целата таа точка 10 се однесува на валидноста или важноста на документите, но кој ја утврдува неважноста или важноста, кон кого се однесува исто така е клучното прашање. Превисока е цената што нашите власти ја одбрале да ја платиме и ние како граѓани, бидејќи станува збор за билатерален договор. Во однос на меѓународното договорно право и Виенската конвенција, вие не можете да обврзете трети страни, трети држави со билатерален договор – вели универзитетскиот професор Денис Прешова.
Според него, и македонското МНР испраќа нејасни сигнали околу целата работа, односно не се кажува јасно дали пасошите ќе важат или не за трети страни.
– Ние добиваме спорни изјави и од нашето МНР, од каде што велат однесувајте се дека нема да важат пасошите од 12 февруари, ама ние се обидуваме со некои држави да издејствуваме да ве пуштат – додава Прешова.
Тој смета дека штетата што ќе настане поради очигледното неисполнување на рокот од пет години од моментот на ратификација и стапувањето во сила на договорот можела да биде исконтролирана, но надлежните не го направиле тоа.
– Требало да се реагира во првиот момент кога се сфатило дека ќе настане хаос, дека ние реално нема да го исполниме рокот, и да се дејствува и на внатрешен план, но и на меѓународен, пред сѐ кон Грција. Имало начини по дипломатски канали и претходно да искомуницираат со Грците, далеку од очите на јавноста – заклучува професорот Прешова.