Експертите се согласуваат дека Македонија има право да гради сопствен историски наратив врз основа на артефактите што ги наоѓа на сопствена територија и не е обврзана со ништо да го приспособува тој наратив на желбите на соседните држави, уште помалку да дозволува артефактите пронајдени на нејзина територија некој да ги означува со туѓ историски наратив
Македонија не е обврзана со ништо да го приспособува својот наратив на желбите на соседните држави или на поширок сојуз или алијанса на држави
Секој народ има право да ја толкува историјата поразлично од другите и никој не може да му го ускратува таквото право или да му наложува сопствен историски наратив, па затоа постоењето и работата на историски комисии меѓу Македонија и Грција и Бугарија се спротивни на Повелбата на ОН.
Експертите се согласуваат дека Македонија има право да гради сопствен историски наратив врз основа на артефактите што ги наоѓа на сопствена територија и не е обврзана со ништо да го приспособува тој наратив на желбите на соседните држави, уште помалку да дозволува артефактите пронајдени на нејзина територија некој да ги означува со туѓ историски наратив.
– Културниот суверенитет и националниот идентитет не бараат никаква потврда во историјата, која од секого може различно да биде толкувана. Имено, за суверениот национален идентитет целосно е ирелевантна историјата, бидејќи независно од политичкото или историското интерпретирање, националниот идентитет е неприкосновен, поради принципот на културниот суверенитет како правна категорија. Не само историските туку и територијалните аспекти немаат никаква релевантност врз суверена категорија во која надворешното мешање не е дозволено. Поради непознавање на принципот на културниот суверенитет, историчари во Македонија со години преговарале, прво со Грците, а потоа и со Бугарите! Наместо веднаш експертите да реагираа и никогаш да не започнаа идентитетските преговори (бидејќи таквите секогаш резултираат со „идентитетските договори“, а таквите се нелегални акти во меѓународното право секогаш!), овие нелегални преговори траат дури и денес – вели Игор Јанев, професор по меѓународно право на Институтот за политички студии од Белград.
Според него, државното име, односно националното име и националниот идентитет не може да се украде, фалсификува, наметне или воспостави со спогодба или договор, односно со каков било надворешен акт, консеквентно, не може држава да се согласи или да се натера да преговара за националниот или државниот идентитет или за кој било друг елемент од културниот суверенитет, вклучувајќи ги и историјата, културните белези, јазикот итн.
– Секоја нација има суверено културно право на своите верувања (религиозни, културни и други), својата интерпретација на сопствената култура, вклучувајќи ги и историјата, митовите и другите видови и облици на колективната културната свест и заедничко паметење. Надворешно мешања, од каков било вид во овие прашања се смета за меѓународнотоправно нелегално мешање (интерферирање) во строгата внатрешна јурисдикција на држава, заштитена со став 7 од членот 2 од Повелбата на ООН – истакнува професорот Јанев.
Неговиот став е дека ниту една држава нема монопол при интерпретацијата на историските факти и движења, а државното име, како такво, не влијае на историската интерпретација.
– Во меѓународното право е познато дека менувањето на државните имиња не влијае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави – заклучува Јанев. С.Т.