Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител вели дека на вчерашната лидерска средба со Димитар Ковачевски понудил три датуми за избори оваа есен или широка влада, како и заштитен идентитет и брза интеграција во Европската унија.

-Му го кажав мојот предлог за избори кои би се случувале оваа есен, како три можни датуми ги предложив 24 септември, први или осми октомври. Да одиме на избори, тој кој што ќе биде поразен да го поддржува победникот во одбрана на националните интереси. Значи да бараме гаранција за многу вековниот македонски идентитет, култура, традиција, посебност, обичај и јазик од Европскиот совет и преземав обврска преку премиери на земји членки таа точка да ја ставиме на дневен ред. И бидејќи сите велиме никој нема против македонскиот идентитет тогаш нема причина зошто таа точка да не биде на дневен ред и да се добие таков документ со кој што ќе се добие документ со кој што ќе биде потврда на македонскиот идентитет, од страна на највисокото европско тело, а тоа е Европскиот совет, каде што членуваат шефови на влади и држави од земји членки на Европска Унија. А од друга страна ќе ги видиме вистинските намери на нашиот источен сосед, дали е идентитетот проблем или не е – рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека се понудил да побара економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните во форма на грант и кредитна линија за македонското стопанство.

-Второ реков дека ќе разговарам јас бидејќи сме од истото семејство на ЕПП со Урсула Фон Дер Лајен и ќе побарам економски пакет за проекти за суштински потреби на граѓаните, во форма на грант кој што ќе биде дел од буџетот на Европската комисија за 2024 година. И побарав кредитна линија за македонското стопанство за да може македонското стопанство да се подготви за процесот на пристапување кон ЕУ и да може подготвено да го пречека тој процес – изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека му предложил на Димитар Ковачевски да се бара од Бугарија да имплементира барем 3 пресуди донесени од Судот за човекови права, укажувајќи дека покрај евроинтеграции, се зборува и за добрососедство, додавајќи дека не може само Македонија да биде добра и да испорачува, но како што рече Ковачевски ги одбил предлозите.

-И третата работа која ја предложив, а тоа беше на Судот за човекови права во Стразбур има 14 пресуди од кои што 13 се конечни, а од тие 13, 6 се завршени, и Бугарија мора да ги имплементира. И реков еве нека изберат 3 тие нека ги имплементираат, бидејќи покрај евроинтеграции, зборуваме и за добрососедство. Ако зборуваме за добрососедство тоа значи двосмерна улица, не може само ние да бидеме добри соседи, мора и од другата страна да видиме дали тие ќе бидат добри соседи. Но, тоа беше одбиено. Јас дадов предлог и ќе го повторам тој предлог. Влада да, нека биде преодна Влада која ќе ги организира следните избори, а во таа преодна Влада ВМРО-ДПМНЕ не сака да биде заедно во друштво со ДУИ. Доколку на дневен ред дојдат уставните измени ВМРО-ДПМНЕ би влегло во тој процес само доколку измената на уставот биде ефективна откако државата ќе стане земја членка на ЕУ – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека важно е да важат уставните измени тогаш кога Македонија ќе стане земја членка на ЕУ.

-Ако ја гледаме преговарачката рамка таму ќе видиме дека никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промениме Уставот, никаде не стои. Заклучоците на Советот ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија може да толкува дека Македонија ја завршила својата обврска, се случил процесот на гласање, но не може да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка земја на ЕУ – рече Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цени дека доколку некој навистина сака Македонија да ја види во ЕУ тогаш тоа ќе го направи инаку во спротивен случај ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи било какви уставни измени кои ќе значат неизвесност во процесот на преговори.

Запрашан за тоа под услов уставните измени да важат одложено дали ВМРО-ДПМНЕ би ги прифатило овие измени кои сега влегуваат во собраниска процедура кои Владата треба да ги испрати. Мицкоски на тоа одговори дека тогаш ќе достават предлог, а позади тој предлог ќе бараат гаранти, а тие гаранти треба да бидат ЕУ и САД, за таквиот предлог да се достави до Собранието.

-Тој предлог ќе биде доставен до овие две институции односно канцеларијата на Европската Унија и САД каде тие да бидат гарант на тој процес дека Македонија ќе ги примени овие уставни измени во својот Устав оној ден кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки во ЕУ – дециден е Мицкоски.

Мицкоски посочи дека власта нема две третини за промена на уставот и дека ВМРО-ДПМНЕ иако се нудеше да биде дел и нудеше решенија власта ги одби и сама учествување во процесот на преговори кој резултираше со усвојување француски предлог и преговарачка рамка која предвидува промена на уставот со цел продолжување на процесот на преговори односно одржување на втората меѓувладина конференција.

Мицкоски исто така додаде дека ако навистина сака Европската Унија да не види таму, мислам дека ова може да се направи за Македонија да може да ги почне преговорите, а измените на уставот да важат кога ќе се отвара уставот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки на унијата.

-Ако ја гледаме преговарачката рамка ќе видиме дека таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени уставот. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија тоа може да биде толкувано дека не се во функција, ја завршила Македонија својата обврска, се случил оној процес на гласање, но тие не можат да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка на Европската Унија. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи – рече Мицкоски.

Инаку, додаде Мицкоски, во спротивен случај, ние ниту имаме намера, ниту пак ќе поддржиме било какви уставни измени кои што ќе значат неизвесност во процесот на преговори.

-Таков тип на уставни измени ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи“, дециден беше Мицкоски додавајќи дека доколку ова не се случи, односно додека не се променат условите, значи уставни измени под бугарски диктат нема да има. Со оваа влада ќе имаме полн легитимитет да го мониторираме и контролираме процесот од потенцијални изборни измами. Тоа е многу важно, бидејќи знаете вие, техничката влада секогаш, се надгласуваа технички министри на самата седница на влада и практично и нивната оперативна функција беше многу мала. Со полно правни министри во рамки на една ваква преодна влада, ние ќе можеме многу јасно да контролираме процесот – изјави Мицкоски.

Мицкоски, ја поздрави одлуката на ДУИ да оди во опозицијата, односно како што рече тој добро е што ДУИ конечно разбра дека им е време за опозиција.

Јас ја поздзавувам одлуката на Бујар Османи, да во името на ДУИ конечно разбере дека е време за опозиција и тоа е добро, затоа што еден период да се помине во опозиција значи еден вид внатрешна катарза, реструктуирање, нови луѓе, нови идеи, смета тој.

На прашањето зошто ВМРО-ДПМНЕ би влегле во влада со СДСМ, а всушност ги обвинуваат за криминал, Мицкоски им порача на граѓаните дека не треба да стравуваат, бидејќи преодната или широка влада не значи амнестија, односно како што рече тој секој кој што се огрешил пред законот изминатите 6 години откако СДСМ и ДУИ се на власт ќе одговараат.

-Ние јасно сме кажале дека секој оној кој што се огрешил пред законот и за кои што постои основано сомневање дека сторил криминал, ќе одговара., родена сестра да ми е, роден брат да ми е ќе одговара. И тука да немате дилема. Ако некој од граѓаните стравува дека ваква широка или преодна влада ќе значи амнестија за оние многу криминални случаи изминатите 6 години, да бидат спокојни тоа нема да се случи – порача Мицкоски.