Алтернатива има комуникација со т.н. „Огнена група“ на ДУИ, но не и со Движењето Беса, информира на денешната прес-конференција во партиското седиште, генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирја Ибраими.
– Со т.н. „Огнена група“ сме имале комуникација. Со Беса уште немаме комуникација. Но, тоа се работи кои допрва ќе треба да се видат – рече Ибраими.
На новинарско прашање околу условувањето од страна на Алтернатива на уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, Ибраими рече дека партиското барање за усвојување на амандман за борба против корупцијата, не претставува условување или уцена.
– Ако е условување и уцена вметнувањето на амандманот за борба против корупцијата, тогаш јас не го разбирам зборот уценување – рече Ибраими.