Фото: Маја Јаневска-Илиева

Собранието на Македонија доби телевизиско студио, чие опремување е реализирано во рамки на Програмата за собраниска поддршка финансиски помогната од Националниот демократски институт и Швајцарската агенција за развој.

На денешното свечено отворање се обратија претседателот на Собранието Талат Џафери и швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман.

Џафери во обраќањето рече дека со ова студио работата на Собранието ќе стане потранспарентна и повидлива под надзор на камери.

За новинарите има можност за онлајн вклучување во работата на сите тела.