Заев знае дека прави криминал со поклонувањето на 33 милиони евра на Макпетрол, и затоа ги тера пратениците да гласаат закон, истакна Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
– Заев со народни пари сака да си купи медиумски простор, но и да го наполни џебот на еден олигарх. Власта сака на мала врата, без доволно информации и консултации со јавноста, да изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 проценти во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по енормно висока цена од 33 милиони евра, иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18.8 милиони евра. Се поставува прашањето: Зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14.2 милиони евра? – рече Стојаноска.