Национализам е да му го негирате на соседот правото на самоопределување. Да го прекрстувате соседот, а анационализам е, или непостоење на национална свест, да се согласувате со тие барања. Тоа го прави сегашната власт, порача Гордана Силјановска Давкова од Неготино.
-Ние не само што сме должни да го чуваме тоа, туку и УНЕСКО ни вели дека треба да се грижиме за културното богатство и наследство. Како може кога газите по Хераклеа или по античкиот театар или по Стоби да не верувате дека тоа е дел од вашата историја? Никој никогаш кога настанувале државите и нациите во 19 век, не се закитил не го одбрал името Македонија и Македонци. Знаел дека е зафатено, зошто ние сме потомците на тие луѓе- рече Силјановска Давкова.
Професорката додаде дека ќе укаже и докаже дека сме рамноправни со сите други и дека во Европа не се оди само со потпишување на веќе напишани договори надвор од мандатот, туку се оди со европски реформи.
-Во Европа не се оди без владеење на правото. Во Европа не се оди потонати во криминал и корупција- говореше Силјановска.
С.Н.М.