Ракометарот на Вардар, Кристијан Дисингер ја заврши сезоната само 11 секунди пред крајот на првото полувреме против екипата на ППД Загреб во финалето на СЕХА-лигата.

Дисингер доби тежок удар од Поточник, а при падот дојде до тешка повреда на неговата лева рака.

Дисингер стана на нозе и го напушти теренот, но се работи за тешка повреда, која ќе го отежни овој натпревар.