На иницијатива на словенечката европратеничка Ирена Јовева од редовите на либералите, вчера попладне во Европскиот парламент се одржа првата средба на неформалната група „Пријателите на Македонија“.
По средбата на групата Јовева истакна дека целта на оваа група на пријателство е да ги промовира и негува односите помеѓу Европската Унија и Македонија. Исто така, таа наведека и дека неодамнешната одлука на блокирачкото малцинство во Советот не треба да го обесхрабри народот во Македонија бидејќи тие имаат вистински пријатели во Европскиот парламент кои сакаат да го одржат проширувањето и реформскиот пат на земјата.
Воведен збор на состанокот имаше шефицата на македонската мисија во ЕУ, Агнеза Руси Поповска.