Претседателот Стево Пендаровски денеска пред претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, со што започна неговата дводневна официјална посета на Грција.
Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Сакеларопулу. Претходно, Пендаровски положи венец пред споменикот на незнајниот војник на платото пред парламентот на Грција.