ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со тематски протести. За попладнево во 18 часот најавен е протест против покачувањето на електричната енергија.
Како што истакна партискиот лидер, Христијан Мицкоски, протестот ќе почне пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.
– Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме – рече Мицкоски во понеделникот, кога ги најави протестите.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека пари има, ама тие не одат кај народот.
– Пари има затоа што потрошија милијарда евра на поткуп, трошат над 8 милиони евра за возила, трошат за колачи и тендери за вафли додека народот живее на вересија. Им пропадна банка од 200 милиони евра и око не им трепнува. Обезбедуваат повластена тарифа за универзалниот снабдувач на струја и екстра тендери на струмичка агеција за обезбедување за што се сомневаме дека испумпуваат пари додека сто илјади граѓани живеат со помалку од 50 денари дневно. Ете затоа протестираме, а пари има и цената на струјата мора да се врати на старо – рече Мицкоски.