– По официјалните информации дека Владата, односно Министерството за здравство, обезбедило вакцини за околу 3000 граѓани, кои ќе дојдат во март, а за другите не е познато кога, слободно можеме да констатираме дека оваа влада само за интересите на народот не работи. Оваа количина на вакцини е веројатно планирана за неговата партија и нејзините филијали – се вели во соопштението на Алтернатива.
 
Според партијата, вакцинирањето на 1-2% од населението, не само што е крајно неодговорно, туку и најдобро објаснува кој е реалниот интерес на оваа влада. Ова поточно ја објаснува и заложбата на оваа влада за легализација на дрогата. Влада која се грижи за дрога, не може да се грижи и за здравјето на граѓаните.

– Колку за информација и споредба, Србија од понеделник го започнува вториот циклус на вакцинација со околу 20 илјади дози, Бугарија, исто така, ја очекува и втората пратка со 25 илјади вакцини, додека Република Албанија објави дека веќе обезбедила половина милион вакцини, од кои првата пратка ќе пристигне во јануари. Само овие бројки, а да не ги спомнувам европскиот и американскиот стандард за вакцинација, се доволен доказ дека Северна Македонија, токму поради невниманието на оваа влада или нејзината грижа за темите спротивни на граѓанскиот интерес, ќе продолжи да ги брои жртвите на пандемијата и ќе продолжи да се оправда дека толку може да направи. Затоа, Алтернатива смета дека ослободувањето од оваа влада, ако не од некоја друга причина, барем од оваа причина, веќе стана обврска. Едноставно, станува збор за спасување на животите на луѓето – се вели во соопштението.