Со 134 гласа „за“ и 104 „против“, бугарскиот парламент ја избра владата на чело со Кирил Петков од „Продолжуваме со промената“.
Петков ги претстави борбата против корупцијата и против пандемијата, како и односите со Македонија меѓу главните приоритети на новиот владин кабинет, истакнувајќи дека им подава рака на сите Бугари, но и на опозицијата, во неговиот говор во Народното собрание.
Предвидено е Петков утре да ја претставува Бугарија пред Советот на Европската Унија, на чиј дневен ред ќе се најде и бугарската блокада за Македонија. Новиот бугарски мандатар неодамна најави нов пристап кон земјава, но познавачите на состојбите во Бугарија не очекуваат дека ќе дојде до отстапување од ветото.