Фотографијата Овче Поле – македонската позадина на Windows на авторот Марко Џамбазоски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.

– Кога бев дете, ја гледав легендарната фотографија на Windows со очи полни желба — посакував еден ден да стојам токму таму и да се изгубам во бескрајното зеленило. Никогаш не помислив дека еден ден тој пејзаж ќе го пронајдам токму овде – истиот рид, боја и небо, но овој пат придружени од звуците на ветерот, мирисот на пролетта и топлината на сонцето. Тоа што го бараме не секогаш е некаде далеку. Честопати магијата се крие на местата што ги одминуваме без да погледнеме наоколу. Сѐ што треба е да застанеме, да ги отвориме очите и да ја доживееме убавината околу нас – вели авторот во описот на фотографијата.

Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

Фото: Марко Џамбазоски

📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.