Осуденик од Струга бил избоден со остар предмет ноќеска во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.
– Во СВР Скопје, 20 минути по полноќ од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23:40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга – соопшти МВР.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. МВР презема мерки за расчистување на случајот.