Поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот од понеделник ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола, информира АМСМ.
-Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект и е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните работи. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот – велат од АМСМ.
Нагласуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.