Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно со провокации кон Македонија. Овојпат, тој ги насочи критиките кон ВМРО-ДПМНЕ.
– Животот и честа на Бугарите мора да бидат гарантирани!
Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија е исклучително важен чекор кон целосна заштита на нивните права.
ДПМНЕ очигледно не разбираат дека е во интерес на македонските граѓани да ги почитуваат меѓународните договори и услови. Не е ЕУ таа што треба да ја земе предвид српско-болшевичката фракција во Скопје, туку сосема спротивното. Има јасни критериуми, Северна Македонија не ги исполнува. Исто така, не го исполнува Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.
Долгорочно, ДПМНЕ, Левица и нивните придружни антибугарски партии отсекогаш биле антиевропски. Европа не може да си дозволи да прифати, па дури и да преговара со земја која одбива да игра според правилата. Затоа, непочитуван Мицкоски и патетичните југоносталгичари од Скопје, мора да разберете – вие сте најлошото нешто што и се случило на Македонија.
Вашата омраза кон Бугарија е проблемот. Омразата на која почива таканаречениот „идентитет“. Кулата на лагите и фалсификациите се руши затоа што вистината е на наша страна. А тоа е дека Македонија е БУГАРСКА – порача Џамбаски.