Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои пообилно ќе бидат застапени во западните и југоисточните делови од земјата. Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер.
Според прогнозата на УХМР, утринските температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 15 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 7 степени, а максималната до 15 степени, пренесе МИА.
Во наредните денови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе преовладува облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Утре ќе има услови и за ретки грмежи, а локално се можни поинтензивни процеси во форма на невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните региони, каде се очекуваат повеќе од 30 литри дожд на метар квадратен.
Температурите во следните денови ќе бидат во опаѓање, а во четврток и петок утринските вредности на некои места ќе се спуштат и под нулата. Северниот ветер ќе продолжи да дува, а во четврток повремено ќе биде и силен.


































