Подготвителните активности за реконструкција на Ургентниот центар и новиот начин на функционирање биле повод за денешната посета на Клиниката за ТОАРИЛУЦ на министерот за здравство Беким Сали.
-Заедно со директорот, д-р Александар Трајановски направивме обиколка на просторот, каде е направено
соодветно обележување на патеката на движење со јасно видливи ознаки, како и патеката на движење на возилата на ИМП до главниот влез на хируршките клиники од страната на УК за стоматологија-напиша тој на својот Фејбук профил.

Во периодот на реновирање, пациентите со итна патологија се примаат во просториите на амбулантниот дел на Клиника за трауматологија, кој времено се преадаптира во Ургентен центар.
-Согласно планот предвидено е во случај на зголемен број пациенти, за време на реконструктивните зафати во Ургентниот центар сите итни пациенти од Скопје да бидат згрижени во Градската општа болница 8-ми Септември, додека пациентите од другите градови ќе ја добијат соодветната здравствена услуга – хируршки третман во Специјалната болница за хируршки болести Свети Наум Охридски-заклучува министерот Сали.