Фото: Маја Јаневска-Илиева

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е организатор на седмата Меѓународна научна конференција насловена како „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21. век“, која се оддржува во Порта Македонија, Скопје. Меѓународниот научен комитет на оваа конференција брои еминентни професори од Македонија и од над 15 странски земји, како: Израел, Шпанија, Франција, Молдавија, Италија, Грција, Египет, Полска, Турција, Романија, Србија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина и Словенија.
Денеска ја отвори деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика и претседател на Организацискиот комитет, проф. д-р Татјана Бошков.
Целта на оваа конференција е да промовира поголемо разбирање на бизнисот, економијата, туризмот, културата и културното наследство, образованието.