Илустрација / Фото: МОН

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денес ѝ било оневозможено да го полага првиот дел од државната матура.
Нејзиниот татко во изјава за медиумите вели дека името на ќерка му го немало на списокот, па девојчето било вратено дома. Родителот вели дека неговата ќерка сакала да се запише на факултет по физиотерапија во Словенија, но без матурата таа е спречена, а вината ја лоцира кај администрацијата и директорката во гимназијата кои направиле грешка. Таткото повика на одговорност и кажа дека реагирале до сите надлежни инспекторати.
-Кога се потпишувале ќерка ми била отсутна, но никој не и кажал дека не била потпишана на списокот на кандидати – изјави тој.

Од училиштето, како што пренесува „Макфакс“ изразуваат жалење за проблемот и како штовелат нивна заложба е да излезат во интерес на матурантката и родителите.
Оттаму велат дека списоците за верификација на податоците за државна матура биле доставени на увид кај учениците уште на почетокот на второто полугодие, а потоа доставени до ДИЦ.

-И покрај напорите на училиштето да се реши ситуацијата, велат од гимназијата, сепак не се наиде на разбирање од страна на надлежните институции.

Од Бирото за развој на образованието за медиуми велат дека ученичката била обесправена и оти администрацијата во училиштето треба да биде канета. Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го испита случајот.