Фото: МИА

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, ја поздрави денешната одлуката на мнозинството пратеници, кои го поддржаа францускиот предлог за почеток на преговорите.

-Мнозинството пратеници ја докажаа својата визија за европска Северна Македонија, давајќи глас за поддршка на францускиот предлог кој значи почеток на преговорите со Европската Унија. Со денешната одлука ја потврдуваме европската иднина на земјата. Нашиот пат кон Брисел беше тежок и полн предизвици, но вложивме многу труд, енергија и искрено верувавме во нашите цели и определби. Знаевме што сакаме: Демократија, напредок, македонски идентитет, Европа и НАТО и тоа го исполнавме. Покажавме многупати досега дека сме зрели како држава и спремни да станеме партнери со европските земји. Продолжуваме на нашиот македонски и европски пат – напиша на неговиот Фејсбук профил Маричиќ.