Фото: Приватна архива

Седумгодишниот Македон Димитровски ги доби златните медали освоени во натпревар по математика, во конкуренција со 4.000 учесници од цел свет.

Македон е мал генијалец: Решава задачи за средно и освојува медали, учи јазици за миг, галаксиите ги знае до детали

– Натпреварот се вика „Математика без граници“ и се организира во 22 земји во цел свет и се реализира преку менторите во училиштата. Неговата учителка поттикна Македон да оди на натпревар, па ние го пријавивме. За првиот натпревар, кога полагаше, малку се подготвуваше дома, и потоа освои златен медал. Во вториот дел се натпреваруваат сите успешни од првиот натпревар. Ама ние не разбравме дека треба пак да се пријавиме. И испадна дека не може да учествува. Арно ама, неговата учителка пишала до организаторот и дека беше со освоен златен медал, па го примија. Се полагаше истиот ден, само овојпат немаше подготовка зашто немаше време, и пак освои златен медал. Сега го поканија на некое завршно финале во Несебар, но не знам дали ќе успемее да отидеме – кажа неговиот татко Владимир Димитровски во неодамнешниот разговор за „Нова Македонија.