Фото: Пиксабеј

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата на УХМР, во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

– За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег – соопштуваат од УХМР.