Денес овој предлог за реконструкција на Владата и со овој чин за насилно влегување на Алијанса за Албанците во Владата не значи ништо друго освен дека СДСМ и нивниот претседател Ковачевски се силно уценети од нивно поголемите коалициони партнери односно Али Ахмети и ДУИ, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоранчо Јованчев на денешната собраниска седница за реконструкција на Владата.
-Вие господа од СДСМ го направивте Собранието „Зелен пазар“ никогаш овој дом не бил повеќе понижен како што е сега. Треба да расправаме за идеи, решенија и проекти, а ние како и пред неколку месеци кога се бираше Владата на донесениот без легитимитет од народот Ковачевски, така и денес се обидувате да ја замајувате јавноста со реконструкции под мотото европска коалиција – рече Јованчев.