Нашинците од соседството и од светот
Подготви: Далибор Станковиќ
Во организација на Заедницата на Македонците во Хрватска и македонското друштво „Билјана“ во Задар, се одржа изложба „Цвеќето на мирот“ на авторот Живко А. Поповски-Цветин. Изложбата е одржана во рамките на културната манифестација „Творештво на македонски уметници во Хрватска“. Во пријатна атмосфера присутните уживаа во боите на Живко Поповски, кој предизвика интерес и внимание.