Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје синоќа од 19 до 1 часот по полноќ спроведе акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје.
Притоа санкционирани се седуммина возачи на мотори кај кои се констатирани низа прекршоци.