Пожарот над беровското село Будирнаци е локализиран, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), истакнувајќи дека активно е вклучена во процесот на гасење на огнената стихија која ја зафати државата.
Тимови за брз одговор на ДЗС од подрачното одделение на Берово во постојана координација и интервенција со надлежните институции на терен во Грбавец успеаја да го локализираат пожарот
Тимовите за брз одговор на ДЗС се на терен и во Валандово, справувајќи се со опожарените предели кои ги зафатија селата Брајковци, Балинци и Марвинци.